Connect with us

ФИФА ја отфрли жалбата на Белгијците за Балогун, но тие велат: „Само нека се појави на теренот“…

ФИФА ја отфрли жалбата на Фудбалската федерација на Белгија поврзана со настапот на Фоларин Балогун во осминафиналето на Светското првенство, но Белгијците најавија дека нема да се откажат и ќе преземат нови правни чекори доколку американскиот напаѓач се појави на теренот.

Балогун доби право на настап за САД, откако ФИФА ја суспендираше автоматската казна по црвениот картон што го заработи на натпреварот против Босна и Херцеговина. Одлуката предизвика бројни реакции и отвори голема полемика во фудбалската јавност.

Белгиската федерација веднаш поднесе жалба, но од ФИФА ја прогласија за неоснована.

„Барањето е отфрлено како неосновано. Фудбалската федерација на Белгија не е странка во постапката и поради тоа нема правна основа да поднесе жалба на оваа одлука“, гласи одговорот од светската фудбалска организација.

Сепак, Белгијците не планираат да се повлечат. Од федерацијата тврдат дека сè уште не добиле никакво образложение за одлуката, ниту пак копија од решението со кое Балогун добил право да настапи, како и судискиот извештај од спорниот натпревар.

„Ова претставува кршење на прописите на ФИФА. Доколку Балогун настапи на вечерашниот натпревар, ќе поднесеме официјален приговор, со што ќе ги задржиме сите понатамошни правни можности“, порачаа од белгиската федерација.

Случајот предизвика жестоки дебати за транспарентноста на ФИФА и еднаквата примена на правилата. Во Белгија сметаат дека одлуката создала опасен преседан и дека правилниците не смеат да се толкуваат различно во зависност од репрезентацијата што е засегната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови