ФИФА во вторникот ги намали цените на билетите за Светското првенство што ќе се одржи догодина, наменети за организираните и најверни навивачи на националните репрезентации, откако минатата недела избувна протест против високите цени на влезниците, пренесуваат светските агенции.
Пред неколку дена навивачите дознаа дека најевтините достапни билети за натпреварот за титулата на Мундијалот 2026, кој во јули ќе се игра во Њу Џерси, ќе чинат повеќе од 4.000 долари. Од ФИФА соопштија дека 10 проценти од распределбата на билетите за секој натпревар, вклучувајќи го и финалето, ќе бидат наменети за фудбалските асоцијации на земјите учеснички. Цената на овие билети ќе изнесува 60 долари.
Одлуката е донесена како резултат на серија состаноци меѓу високи функционери во Доха оваа седмица, каде што беше утврдено дека федерациите изразиле загриженост околу моделот на формирање на цените. Советот на ФИФА повторно ќе заседава во среда во Катар.
Светската фудбалска централа доби повеќе од 20 милиони барања за билети по извлекувањето на ждрепката за Светското првенство во Северна Америка, кое се одржа на 5 декември.
Цените на билетите за натпреварите на Мундијалот 2022 во Катар се движеа од 70 до 1.600 долари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













