Фудбалската федерација на Македонија се огласи по натпреварот меѓу Шкендија Арачиново и Струга Трим Лум, кој гостинскиот тим го доби со 2-0. Од ФФМ ги отфрлија сомнежите околу досудениот пенал во 24. минута, објаснувајќи дека ВАР-интервенцијата била целосно оправдана и дека судијата правилно ја променил првичната одлука.
Според официјалното објаснување, напаѓачот на Струга со број 9 бил повлечен и задржан од противничкиот дефанзивец во момент кога имал очигледна можност да стигне до топката и да се најде во чиста шанса за гол. Одбранбениот играч, според ФФМ, задоцнил со реакцијата и со прекршок го спречил напаѓачот да продолжи со акцијата.
„Главниот судија и покрај очигледниот прекршок, првично не реагира и дозволува играта да продолжи. ВАР-судиите правилно го отвораат ВАР-протоколот и влегуваат во проверка на оваа ситуација, по што правилно интервенираат и препорачуваат преглед на снимка на терен за можен прекршок за казнен удар и дисциплинска мерка директен црвен картон за спречување очигледна шанса за гол“, се наведува во соопштението.
По прегледот на снимката, главниот судија ја променил првичната одлука, досудил пенал и му покажал директен црвен картон на дефанзивецот на Шкендија Арачиново.
Од ФФМ се децидни дека во спорната ситуација биле испочитувани сите процедури и правилно биле применети правилата на фудбалската игра.
Но, федерацијата се осврна и на однесувањето по натпреварот, обвинувајќи дека претставници на Шкендија Арачиново и неслужбени лица по вторпат во текот на сезоната влегле во судиската соблекувална и упатувале навреди кон арбитрите и официјалните лица на ФФМ.
„Домашната екипа ФК Шкендија Арачиново, по втор пат и на ист начин, неосновано и субјективно, преку претставниците на екипата и неслужбени лица, влегле во судиската соблекувална и неспортски, навредливо и вулгарно упатувале навреди кон судиите и официјални лица во Фудбалската федерација на Македонија, а инцидентот е записнички констатиран“, соопшти федерацијата.
Поради овој инцидент, ФФМ најави отворање соодветна дисциплинска постапка.
Реакцијата на федерацијата доаѓа откако Шкендија Арачиново претходно јавно го обвини главниот судија Влатко Илиоски дека го навредувал капитенот Бесир Демири за време на натпреварот. Клубот побара случајот да биде испитан, а подоцна информираше и дека судијата му се извинил на фудбалерот, но дека и понатаму инсистира на дисциплинска одговорност.
Така, натпреварот со Струга, покрај резултатот од 0-2, отвори и две одделни прашања пред фудбалските органи: исправноста на судиските одлуки и однесувањето на официјалните лица и претставниците на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спалети: Јувентус лесно ја губи самодовербата
Млади репрезентации
Капинковски го објави списокот за Македонија У19
Евро-фудбал
Фермин Лопез го замолна Мадрид (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Ливерпул се разбуди, а Челси загуби (ВИДЕО)













