Шкендија оствари историски пласман во нокаут фазата од Конференциската лига, што максимално го подигнува и нивото на македонскиот клупски фудбал. Фудбалската федерација на Македонија упати честитки до македонскиот шампион за големиот успех.
„Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ упатуваат искрени честитки до Шкендија за изборениот пласман во елиминациската фаза од УЕФА Лигата на конференции.
Успехот на Шкендија е резултат на професионалниот пристап, тимскиот дух и амбицијата за докажување на меѓународната сцена, а воедно претставува и значаен придонес за промоција на македонскиот клупски фудбал во Европа.
Со надеж за уште поголеми успеси, им посакуваме на фудбалерите и стручниот штаб на Шкендија квалитетни настапи и достојно претставување во продолжението од европските натпревари“, се вели во пораката од ФФМ до Шкендија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













