Connect with us

ФФМ и Работнички го одбележаа последниот свиреж на Александар Ставрев и на Дејан Костадинов (Фото)

Александар Ставрев, најдобриот македонски фудбалски судија, денеска официјално се прости од активното судење со последниот меч во својата кариера, дуелот меѓу Работнички и Пелистер на Градскиот стадион во Скопје.

Ставрев зад себе остава исклучителна кариера, исполнета со многубројни достигнувања на домашната и меѓународната сцена. Како редовен избор на УЕФА, тој судеше натпревари од сите европски купови, како и од квалификациите за Светските и Европските првенства. Неговата посветеност и професионалност го вброија меѓу најдобрите судии во регионот.

Последниот меч беше значаен не само за Ставрев туку и за неговиот долгогодишен асистент, Дејан Костадинов, кој исто така ја заврши својата судиска кариера.

По завршувањето на натпреварот, двајцата добија подароци како знак на благодарност од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и ФК Работнички.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови