Фудбалската федерација на Македонија и Ладна Вода потпишаа договор за соработка, со што компанијата “Магрони” станува нов партнер на македонските репрезентации.
Соработката е дел од определбата на ФФМ да обезбеди подобри услови за националните тимови, но и одговорноста на компаниите да поддржат проекти од значење за спортот и општеството.

„Секоја компанија која ја препознава потребата да се инвестира во репрезентацијата и во создавање подобри услови е важен партнер за нас. Ладна Вода ја препозна нашата визија и ни е драго што заеднички ќе ја градиме оваа соработка“, изјави Филип Поповски од Фудбалската федерација на Македонија.

„Фудбалската репрезентација е еден од најголемите спортски симболи на Македонија. Како компанија, сакаме конкретно да придонесеме кон нејзината работа и развој. Ова партнерство го гледаме како наша одговорност кон спортот и заедницата“, изјави Ѓорѓи Начевски, претставник на Магрони.

Соработката со Ладна вода ќе биде дополнителна поддршка за репрезентациите и за создавање услови во кои македонскиот фудбал може да продолжи да се развива.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













