Фудбалската федерација на Македонија добива нов партнер во Комерцијална банка. Во пресрет на Европското првенство, а во наредните три години, ФФМ и Комерцијална банка ќе бидат екипа за нови победи. Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, и директорот Илија Илоски го потпишаа договорот.
“Ни претставува посебно задоволство што ја добиваме најдобрата македонска банка за партнер во наредните три години. Тоа е големо засилување за македонскиот фудбал и искрено сме благодарни и среќни што ги имаме во нашиот тим”, изјави Муамед Сејдини.
Директорот на “Комерцијална банка”, Илија Иловски, истакна дека оваа банка секогаш ги поддржува најдобрите.
“Сакам да истакнам огромни честитки за претседателот на ФФМ, селекторот Игор Ангеловски и пред се за фудбалерите за направениот голем успех и пласман на Европско првенство”, истакна Илија Иловски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski