Connect with us

ФФМ и фудбалската репрезентација во проектот „Фудбалот против дискриминацијата“

Фудбалската федерација на Македонија и фудбалската репрезентација се дел од проектот за промоција на еднаквоста и заштита од дискриминација. Претседателката на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска, вели дека фудбалската репрезентација е класичен пример за зближување и еднаквост.


„Честитки за големиот успех на македонската фудбалска репрезентација. Тие се пример за неверојатна зближеност и еднаквост. Пандев, Адеми, Ристовски, Алиоски, Муслиу…сите заедно и сплотено ги донесоа успесите на националниот тим. Ова е убава можност за промоција на проектот „Фудбалот против дискриминацијата“, а сите заедно ќе навиваме да бележи нови успеси на Европското првенство“, изјави Бендевска.


Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, вели дека во фудбалот нема место за дискриминација.

„Во фудбалот нема место за било каква дискриминација. Тоа е игра на зближување. Испраќаме порака за почитување на фудбалерите, противниците, судиите, навивачите. Овој момент е совршена можност да испратиме ваква порака „фудбалот против дискриминацијата“, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови