Обезбеден е бесплатен влез за најмладите фудбалери и нивните тренери на натпреварот Македонија – Шкотска., информираат од ФФМ.
Младите фудбалери кои се дел од Детската лига, фудбалските школи, како и сите младински категории во системот на ФФМ – пионери, помлади пионери, кадети и младинци – ќе можат бесплатно да го следат натпреварот, доколку се придружувани од своите тренери.
За вечерашниот дуел меѓу Македонија и Шкотска, младите фудбалери и нивните тренери ќе бидат сместени на западната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.
ФФМ обезбеди бесплатен влез за најмладите фудбалери и нивните тренери за сите натпревари на македонската репрезентација во овој циклус.
На трибините ќе има место и за навивачките групи кои побараа организирано присуство на натпреварот и поддршка за националниот тим.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal













