Connect with us

Феризај од федерацијата на Косово драстично казнет за бојкотирање медали, што ќе се случи со Шкендија?

Фудбалската федерација на Косово жестоко го казни тимот на Феризај за одбивање да прими сребрени медали во финалето на Купот, речиси идентичен случај каков што беше и со Шкендија во финалето на македонскиот Куп.

Феризај е исфрлен две години надвор од Купот на Косово.

Тренерот Арсим Абази е казнет со едногодишна забрана за работа во фудбалот.

Директорот Генц Хисени е казнет со едногодишна забрана за работа во фудбалот.

Клупските функционери Бетим Исуфи и Арбен Ќерими се казнети со по шест месеци забрана за вршење функции во фудбалот.

Фудбалерот Бетим Хаџимуса е суспендиран на осум официјални натпревари.

Фудбалерот Куштрим Шабани е казнет со четири натпревари неиграње.

Во брз рок и Фудбалската федерација на Македонија треба да ја изрече дисциплинската мерка за тимот на Шкендија и дел од актерите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови