
Феран Торес нема да игра до крајот на сезоната за Барселона поради итна операција на слепото црево. 25-годишниот офанзивец, кој сезонава има 19 голови и седум асистенции на 45 натпревари, ќе мора да паузира неколку недели по хируршката интервенција што е извршена утрово.
Поради тоа, Торес ќе го пропушти денешното дерби против Еспањол, како и последните два натпревари во сезоната, против Виљареал и Атлетик Билбао. Неговото отсуство е голем удар за Барселона, особено затоа што беше во одлична форма во последните месеци.
Во големата победа од 4-3 против Реал Мадрид, која го доближи каталонскиот тим до титулата, Торес учествуваше со три асистенции. Од февруари до мај, тој имаше ефект од шест голови и четири асистенции во Ла Лига. Сепак, само на две првенствени средби сезонава одигра цел натпревар, што покажува дека неговото влијание беше големо и покрај ограничените минути.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal