Феран Торес е на излезна врата од Барселона и би можел да направи голем трансфер во Пари Сен Жермен. Според информациите од Шпанија, 26-годишниот напаѓач веќе ја информирал управата на каталонскиот клуб дека сака да ја продолжи кариерата во Париз, а својата одлука наводно им ја соопштил и на соиграчите и на стручниот штаб.
Шпанскиот репрезентативец зад себе има сезона од соништата. Торес постигна 21 гол во дресот на Барселона, а неговата вредност дополнително порасна по одличните настапи на Светското првенство, каде беше еден од најважните фудбалери во составот на Шпанија.
Иако Роберт Левандовски веќе не е дел од тимот, Торес не верува дека во Барселона ќе ја добие улогата на прва опција во нападот. Шпанските медиуми наведуваат дека напаѓачот подолго време чувствува дека не е меѓу приоритетите на тренерот Ханси Флик.
Ситуацијата ја компликува и неговиот договор, кој истекува во летото 2027 година. Барселона досега не започнала сериозни разговори за продолжување на соработката, а според договорните услови со Манчестер Сити, евентуалното продолжување би активирало дополнителна исплата од осум милиони евра кон англискиот клуб.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Фабијани, очигледно, не е тренер за Вардар – нека „пали“ за Аргентина !
Можеби Кристијан Фабијани е Аргентинец, можеби и бил квалитетен фудбалер, меѓутоа повеќе од очигледно...
Автор Nikola Gjurovski
Евро-фудбал
Манчестер Сити го претстави Херонимо Рули
Евро-фудбал
Барселона ја зголеми понудата за Родри
Евро-фудбал
Падна договор, Феран Торес прави трансфер во ПСЖ
Евро-фудбал
Тешка повреда на последниот тренинг на Барселона













