Connect with us

Фенербахче сака да го купи Маркус Рашфорд

Турскиот гигант Фенербахче е подготвен да го доведе крилниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд, пренесуваат англиските медиуми.

Дваесет и осумгодишниот фудбалер минатата сезона ја мина како позајмен играч во Барселона, каде што постигна 14 голови и запиша 11 асистенции на 49 натпревари. Тоа беше неговата најдобра сезона уште од 2022/23.
Каталонскиот клуб имаше можност да го откупи неговиот договор за 26 милиони фунти, но наместо тоа се одлучи да го ангажира Ентони Гордон.

Иднината на Рашфорд во Манчестер Јунајтед и натаму е неизвесна. Според едни информации, клубот сака да го продаде, додека други тврдат дека менаџерот Мајкл Карик е подготвен повторно да го вклучи во првиот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови