Connect with us

Фенербахче сака да го доведе Нкунку

Фенербахче покажува интерес за напаѓачот на Милан, Кристофер Нкунку. Турскиот клуб сака да го ангажира 28-годишниот Французин на позајмица или е подготвен да понуди меѓу 30 и 35 милиони евра за негов трансфер.

Нкунку е член на Милан од летото 2025 година, а неговиот актуелен договор со клубот важи до крајот на јуни 2030 година. Во текот на оваа сезона, напаѓачот има 15 настапи во сите натпреварувања, при што постигна три гола и забележа две асистенции.


Според порталот „Трансфермаркт“, неговата пазарна вредност се проценува на 32 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови