Connect with us

Фенербахче го купува Ромелу Лукаку

Турскиот гигант Фенербахче започна официјални преговори за ангажман на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, а фудбалерот е отворен за можноста кариерата да ја продолжи во Истанбул.

​Според последните информации, Наполи е подготвен да го продаде искусниот напаѓач. Лукаку веќе имал директен разговор со претседателот на Фенербахче, по што дал позитивен сигнал за премин во турскиот шампионат.

​Интерес за Белгиецот покажува и американскиот МЛС-тим Атланта Јунајтед.

Преговорите меѓу клубовите и таборот на фудбалерот се во полн ек и се очекува брзо решение.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови