Францускиот фудбалер Матео Гендузи ќе стане нов првотимец на Фенербахче, откако истанбулскиот гигант постигна договор со Лацио за отштета од 28 милиони евра фиксно, плус дополнителни два милиони евра како бонуси, пренесуваат најрелевантните медиуми во Италија.
Иако договорот на Гендузи со Лацио истекуваше дури во летото 2028 година, почетокот на оваа календарска година беше најавен можниот трансфер, бидејќи неколку клубови застанаа во ред за поранешниот играч на Олимпик Марсеј, Херта, Арсенал и Лориен.
Најконкретен во целата приказна беше Фенербахче, кој во препладневните часови ја победи конкуренцијата за потписот на квалитетниот среден фудбалер, со кој ќе се обиде по 12 години повторно да ја донесе титулата во своите витрини.
Според информациите, Гендузи ќе го одигра последниот натпревар за Лацио в недела против Верона, а потоа би требало да замине за Истанбул за официјализирање на соработката со второпласираниот тим во турското првенство.
Фудбалерот, кој Лацио го купи од Марсеј летото 2024 година, ќе го напушти „Олимпико“ по 85 натпревари и пет гола во дресот на „небесносините“ за двојно поголема отштета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Един Џеко прави трансфер во Шалке
Евро-фудбал
Тер Штеген емотивно се збогува со Барселона
Евро-фудбал
Мбапе го израмни рекордот на Роналдо во ЛШ
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?













