Во Вардар се врати бразилскиот интернационалец Хуан Фелипе Алвес Рибеиро. Добро познато име меѓу навивачите и симпатизерите на „вардарци“. По неполна една година настапи во Казахстан во тимот на Каират, Фелипе денеска и официјално повторно е дел од „црвено-црните“, откако по потпишувањето на договорот, стигна и потребниот сертификат со што се стекна со право за настап уште на првиот меч во пролетниот дел од сезоната.
Фелипе потпиша договор до крајот на сезоната, со надеж дека соработката ќе продолжи и понатаму.
„Иако десетина месеци не бев дел од Вардар, се чувствувам како никогаш да не сум заминал. Ова е мојот дом, го сакам клубот, ги сакам навивачите „Комити“ од кои верувам дека ќе ја имаме поддршката на секој натпревар. Се враќам во добро позната средина. Гледам дека се сменија некои работи од минатата година до сега, сепак, добро се познавам со дел од играчите. Верувам дека повторно одлично ќе соработуваме, и се надевам на добри игри“ – рече Фелипе.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski