Connect with us

Феенорд и Генчлербирлиги сакаат да го купат Бојан Миовски

Македонскиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски е на излезна врата од Глазгов Ренџерс. Пораката што ја доби кога воопшто не беше дел од составот на последниот меч е јасна, дека на него нема да се смета премногу во оваа сезона. Оттаму, Миовски е веќе цел на други клубови.

Холандскиот гигант Феенорд е заинтересиран да го доведе Миовски во Ротердам во финишот на летниот преоден рок. Според информациите, преговорите се веќе во тек, и би можеле брзо да финишираат со успех.

Исто така и турскиот клуб Генчлербирлиги е заинтересиран да го види Бојан Миовски во својот тим. Останува да се види како ќе се одвиваат работите до крајот на трансфер-периодот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови