Дефанзивецот на Шкупи, Фатих Исмаили, успешно е опериран во клиника во Истанбул откако го повреди менискусот на коленото на мечот против Борец. Тој денеска имаше успешен хируршки зафат во Турција.
„Се чувствувам добро, сакам да изразам и благодарност до раководството на Шкупи што ми обезбеди одлични услови за санирање на повредата во една од најдобрите клиники во Истанбул“, изјави Фатих Исмаили.
Се очекува фудбалерот на Шкупи за околу два месеци да се врати на фудбалските терени. За околу шест седмици Фатих Исмаили би требало да почне со лесни тренинзи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Франц Бекенбауер и наследството што ни го остави
Годината започнува многу тажно. Почина Франц Бекенбауер. На германскиот фудбал му даде повеќе од...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski