Connect with us

Фати потпишува нов договор, добива повисока откупна клаузула од Меси

Педри е на чекор да потпише нов договор со Барселона со откупна клаузула вредна неверојатни милијарда евра. Со ова, “Каталонците” јасно даваат до знаење дека 18-годишнииот бисер не оди никаде и дека неговата иднина е само на “Камп Ноу”, каде ќе остане најмалку до 2026 година.

Сегашниот договор на Педри има отштетна клаузула од само 400 милиони евра и треба да истече на крајот на сезоната, иако Барселона имаше опција да го продолжи до 2024 година. Новата откупна клаузула на Педри од милијарда евра ќе биде клупски рекорд.

Инетресен податок е што дури ни Лионел Меси немаше толку висока бројка во неговиот договор, со тоа што тој беше доби клаузула од 700 милиони евра, додека пак, Антоан Гризман имаше клаузула вредна 800 милиони евра.

Последните 14 месеци беа неверојатни за играчот од средниот ред роден на Канарските острови, од приклучувањето кон Барселона до место во првиот тим, а потоа и настапот на Европското првенство ова лето.

Advertisement

Facebook

Тимови