Connect with us

Фати: Имав понуди од странство, но сонот ми е да созреам во Барса

Ансу Фати откри дека добил понуди од други клубови пред да го потпише новиот договор со Барселона. Младиот напаѓач потпиша нов долгорочен договор со Барса пред истекот на неговиот актуелен следното лето.

Договорот, кој содржи откупна клаузула од 1 милијарда евра, ќе важи шест сезони, оносно до летото 2027 година. Тој е симболичен што се однесува до Барселона, со оглед на тоа што Фати е еден од највисоко оценетите таленти во моментов во клубот.

18-годишникот беше надвор од терените нешто помалку од една година поради сериозна повреда на коленото и неодамна се врати, постигнувајќи два гола на пет настапи оттогаш. Новиот договор е шлаг на тортата за Фати по толку тешка година, а тој вели дека договорот никогаш не бил доведен во прашање, иако добил понуди и од други клубови.

“Од првиот ден, му кажав на раководството дека мојата прва опција отсекогаш беше да останам во Барса. Среќен сум што клубот верува во мене. Имав понуди од странство, но мојот сон отсекогаш беше да созреам во Барса и да победувам со неа”, откри Фати.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови