Рома ја прекина серијата од две последовни ремија во Серија А и славеше со 2-0 против Џенова во натпреварот од седмото коло. „Волчицата“ ги освои трите бода со два гола во второто полувреме и продолжи да го следи лидерот Интер во трката за врвот на табелата.
По мирното прво полувреме, Рома го скрши отпорот на гостите во 50. минута, кога Кастро на фантастичен начин погоди за водство од 1-0. Домашниот тим продолжи да ја контролира играта, а во 68. минута Лула ја затресе мрежата за конечни 2-0.
Со оваа победа, тимот на Џанпјеро Гасперини останува во чекор со водечките екипи, иако Интер повторно има два бода предност пред римскиот состав.
Џенова, пак, продолжува со слабите резултати на стартот од сезоната. По седум одиграни кола има само четири бода и се наоѓа во зоната за испаѓање.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?
Евро-фудбал
Лорис Кариус од следната сезона во Баерн Минхен?













