Connect with us

Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)

Капитенот на Македонија, Енис Барди, повторно ја демонстрираше својата специјалност – изведување на слободни удари, постигнувајќи ефектен погодок во турскиот шампионат.

Во дуелот меѓу Аланијаспор и Коњаспор, Барди во 83. минута намести топка и испрати вистински проектил од прекин. Ударот беше толку прецизен што противничкиот голман можеше само со поглед да ја испрати топката во мрежата.

И покрај мајсторијата на македонскиот плејмејкер, бодовите останаа кај домаќинот. Аланијаспор славеше со 2-1 во рамките на Суперлига на Турција, па голот на Барди имаше значење само за намалување на резултатот и за личен печат на натпреварот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови