Чаби Алонсо застана на страната на навивачите на Реал Мадрид, кои за време на натпреварот против Севилја го исвиркаа Винисиус Жуниор.
Реал Мадрид успешно ја испрати годината со триумф, а славеникот Мбапе го израмни рекордот на Роналдо.
Чаби Алонсо не ја поддржа постапката на фановите, но изјави дека имаат право на вакви реакции кога екипата не игра добро.
„Навивачите се слободни и имаат целосно право слободно да го искажат своето мислење. Беше тежок натпревар поради начинот на кој се одвиваа работите за нас. Има работи што можеме да ги подобриме, но ја земам предвид состојбата во тимот и повредите што ги имавме.
Ќе го искористиме периодот за одмор и ќе ја започнеме годината посилни. Не сум тука за да судам. Ја знаеме нашата ситуација, имаме одредени очекувања и доза на самокритичност што ќе ни овозможи да играме подобро. Знаеме дека не играме на нашето ниво и сакаме да се подобриме“, изјави Алонсо.
Потоа тренерот на „кралевите“ додаде дека во овој момент најважно е тоа што екипата ги освоила трите бода.
„Некои работи не се одвиваа како што сакавме, а во други сегменти бевме поблиску до посакуваниот резултат, но сепак ги освоивме трите бода“, истакна Чаби Алонсо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













