Connect with us

Фановите на Реал бараа оставка од Флорентино Перез

Вториот последовен пораз на Реал Мадрид во Ла Лига предизвика сериозно незадоволство меѓу навивачите на шпанскиот гигант. Уште на полувремето од натпреварот против Хетафе (0-1), публиката на „Сантијаго Бернабеу“ ги исвирка фудбалерите. Револтот на трибините продолжи и во второто полувреме, а Реал не успеа да стигне до израмнување и сега заостанува четири бода зад лидерот Барселона.

По последниот судиски свиреж, дел од навивачите скандираа „Флорентино – оставка!“, повикувајќи го претседателот на клубот, Флорентино Перез, да ја напушти функцијата.

Сите играчи на Реал Мадрид, со исклучок на Тибо Куртоа, директно се упатија кон соблекувалната. Белгискиот голман беше единствениот што им пријде на приврзаниците и им се извини за поразот.

Фудбалерите на Алваро Арбелоа одбија да дадат изјави за новинарите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови