Македонскиот шампион Вардар се наоѓа пред невозможна мисија за пласман во следната фаза од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ вечерва доживеаја тежок пораз на домашен терен од финскиот КуПС со 0-2, резултат кој широко им ја отвора вратата за елиминација уште на самиот старт од елитното натпреварување.
Предводникот на вардарци, Кристијан Фабијани, на официјалната прес-конференција по натпреварот истакна дека краткиот период за подготовка си го направил своето, но порача дека неговиот тим нема намера предвреме да се предаде на реваншот.
„Игравме добро сè додека не го примивме првиот гол. Преку десната страна креиравме неколку одлични акции, имавме и сериозна шанса, но потоа работите тргнаа во погрешна насока. Според мене, подготовките поминаа успешно. Знаевме со каков противник си имаме работа. Сега, по пораз, лесно е да се бараат виновници, но факт е дека ни претстои уште многу работа. Еден месец едноставно е премногу малку време“, изјави Фабијани.
Аргентинскиот стратег потенцираше дека сака неговиот тим да игра похрабро и поотворено, но вечерва реализацијата била клучниот проблем.
„Сакам да гледам тим кој ја контролира топката и презема ризик. Вечерва создадовме прилики, не ги искористивме и казната стигна. Сепак, во Финска одиме да играме фудбал. Мора да го ‘смениме чипот’ во главите. Колку и да изгледа лошо овој резултат, тој не е недостижен. Одиме таму по чудо“, оптимист е тренерот на Вардар.
Фабијани смета дека главната предност на КуПС била конкурентноста, со оглед на тоа што финскиот тим е во полн натпреварувачки ритам.
„Грешките што ги направивме беа исклучиво наши, противникот воопшто не нè надигра на теренот. Ова дефинитивно нема никаква врска со нашата физичка подготвеност“, дециден е Аргентинецот, кој се осврна и на исклучувањето на Босанчиќ.
„Влезе во игра со срце, а јас обожавам такви фудбалери. Тоа беше само момент на невнимание и немам што повеќе да додадам“, заклучи Фабијани.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Меси „невидлив“ на почетокот против Шпанија!













