Connect with us

Фабијан Руиз: Оваа година можам да мечтаам и за „Златната топка“

Фабијан Руиз смета дека по фантастичната сезона зад себе има право да сонува за најголемото индивидуално признание во светот на фудбалот, „Златната топка“.

Шпанскиот репрезентативец зад себе има сезона од соништата во која практично ги освои најзначајните трофеи на клупски и репрезентативен план. Со Шпанија стана светски шампион, додека во дресот на Пари Сен Жермен ги освои Лигата на шампионите, Лига 1 и Суперкупот на Европа.

„Тоа е сон на секој фудбалер – неговата работа во текот на сезоната и претходните години да биде индивидуално наградена. Имав среќа да освојам многу трофеи, како и индивидуални признанија, па зошто оваа година да не сонувам и за „Златната топка“? Тоа би било прекрасно. За мене би била огромна чест да ја подигнам“, изјави Руиз.

Иако признава дека не сака да биде во центарот на вниманието, шпанскиот играч за врска смета дека неговите овогодишни достигнувања му даваат причина да се најде меѓу кандидатите за престижната награда.

„Не сакам да бидам во центарот на вниманието, но мислам дека оваа година можам да си го дозволам тоа по сезоната што ја имавме, по работата што ја завршивме и по трофеите што ги освоивме.

На тимски план освоив сè. Кога станува збор за индивидуалните признанија, на светско ниво единственото нешто што ми недостига е „Златната топка“. Би сакал и јас да бидам препознаен и ценет од сите“, додаде Руиз.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови