Connect with us

ФА куп: Хет-трик на Мартинели во триумфот над Портсмут (ВИДЕО)

Арсенал без многу проблеми избори пласман во четвртото коло од ФА Купот, совладувајќи го Портсмут на „Фратон Парк“ со 1-4. Апсолутен јунак на натпреварот беше Габриел Мартинели, кој постигна три гола и го предводеше големиот пресврт на „топчиите“.

Домашниот тим изненадувачки поведе уште во третата минута, кога по одбраната на Кепа, Колби Бишоп се снајде најдобро во шеснаесетникот и ја испрати топката во мрежата за 1-0. Сепак, Портсмут не уживаше долго во водството, бидејќи Арсенал израмни по автоголот на Дозел по еден корнер од левата страна.

Во 25. минута гостите го свртеа резултатот во своја корист. Мадуеке упати прецизен центаршут од корнер, а Мартинели ја погоди мрежата за 1-2. До крајот на првото полувреме Арсенал доби и пенал, но Мадуеке не успеа да го реализира.

Во продолжението „топчиите“ ја зголемија предноста. Мартинели во 51. минута ја искористи асистенцијата на Габриел Жезус и донесе водство од 1-3, а во 72. минута повторно беше највисок по корнер и со удар со глава го постави конечниот резултат.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови