Connect with us

Европа со најмногу учесници на олимпискиот фудбалски турнир во Лос Анџелес

Советот на ФИФА на состанокот во Доха го потврди бројот на репрезентациите кои ќе бидат дел од фудбалскиот турнир на Олимписките игри што ќе се одржат во Лос Анџелес во 2028 година.


На машкиот турнир ќе партиципираат 12 селекции од кои покрај домаќинот САД, Европа ќе ја претставуваат три национални тима, по двајца претставници ќе имаат Африка, Азија и Јужна Америка додека Северна и Централна Америка и Океанија ќе имаат еден претставник.

Кај дамите ќе настапат 16 репрезентации, а Стариот континент ќе го застапуваат четири селекции, три ќе бидат од Јужна Америка, по два од Африка, Азија и Централна и Северна Америка.

Последниот учесник покрај домаќинот САД ќе биде познат по одигрување на бараж натпревар меѓу репрезентација од Азија и КОНКАКАФ зоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови