Групацијата „Фридкин“, мнозински сопственик на Евертон, ја разгледува можноста за продажба на контролниот пакет акции во англискиот клуб. Одлуката би можела да отвори ново поглавје во сопственичката структура на тимот од Ливерпул, кој во последните години помина низ значајни финансиски и инфраструктурни промени.
„Фридкин“ го финализираше преземањето на Евертон во декември 2024 година, ставајќи крај на периодот на сопствеништво на Фархад Мошири. Под новото раководство, клубот продолжи со процесот на стабилизација, а во меѓувреме го реализираше и преселувањето на новиот стадион.
Од клубот потврдија дека се анализираат различни инвестициски можности за следната фаза од развојот, вклучително и потенцијален влез на нов инвеститор кој би можел да преземе контролен удел.
„Групацијата Фридкин ги истражува новите инвестициски можности за Евертон, вклучително и потенцијална продажба на контролниот пакет акции“, се наведува во соопштението.
Од раководството потсетија дека во моментот на преземањето Евертон се соочувал со сериозни финансиски предизвици, како и со проблеми на спортски и организациски план. Затоа, првичните приоритети биле стабилизирање на клубот, обезбедување неопходни средства и создавање основа за долгорочна одржливост.
Посебно значење имаше завршувањето на новиот стадион, еден од најголемите инфраструктурни проекти во поновата историја на клубот. Со неговото ставање во функција, Евертон доби нова основа за натамошен развој и подобрување на приходите.
„Со оглед на тоа што овие темели сега се цврсто поставени, сметаме дека е вистинско време да го разгледаме следното поглавје во историјата на Евертон. Ќе ги разгледаме исклучиво понудите од заинтересирани страни за кои цврсто веруваме дека ќе бидат вистински чувари на клубот и ќе можат да го продолжат позитивниот моментум што веќе е воспоставен“, порачаа од Евертон.
Засега не се објавени имињата на потенцијалните купувачи, ниту вредноста по која би можел да биде продаден контролниот пакет акции. Сепак, најавата потврдува дека „Фридкин“ е подготвен да разгледа промена во сопственичката структура, доколку се појави понуда што одговара на долгорочните интереси на Евертон.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар и заедно со лидерот Шкендија ја...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Марјан Радески (Струга Трим Лум)
Струга Трим Лум го доби дербито со Вардар (0-1) во Скопје и ја продолжува...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Спалети: Јувентус лесно ја губи самодовербата
Млади репрезентации
Капинковски го објави списокот за Македонија У19
Евро-фудбал
Фермин Лопез го замолна Мадрид (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Ливерпул се разбуди, а Челси загуби (ВИДЕО)













