Connect with us

Евертон го суспендира Џек Грилиш

Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, по натпреварот против Њукасл во Лига купот откри дека одлуката Џек Грилиш да не настапи на синоќешниот дуел била на клубот.

Официјалната причина не е позната, но се верува дека одлуката е донесена поради негово неоправдано отсуство од тренингот.

„Знаете дека нема да откривам никакви детали“, изјави Мојес по победата на Евертон со 3-1.

Грилиш пристигна во Евертон на позајмица од Манчестер Сити, но очигледно е дека дисциплината и понатаму му претставува проблем.

Англискиот репрезентативец и минатата сезона го носеше дресот на Евертон, за кој забележа два гола и шест асистенции на 20 натпревари, пред во јануари да заработи повреда на стапалото.

Во летниот период се врати во Манчестер Сити, настапи и на Комјунити шилд, а потоа повторно се пресели во Ливерпул, овојпат како позајмен фудбалер на Евертон.

Оваа сезона Грилиш има пет настапи во Премиер-лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови