Фудбалерите на Евертон ја забележаа првата гостинска победа сезонава во Премиер-лигата, откако славеа со минимални 0-1 на гостувањето кај Њукасл во последниот натпревар од деветтото коло.
Иако досега не успеаја да освојат три бода на гостински терен, „карамелите“ имаа причина за оптимизам пред ова гостување, со оглед на добрата традиција против Њукасл.
Првото полувреме донесе голема борба и малку вистински можности за погодок. Домаќините првата посериозна шанса ја имаа во 40. минута, кога Жоелинтон се обиде да го загрози голот, но топката заврши покрај стативата. На спротивната страна, Армстронг не успеа да ја искористи добрата можност во судиското надополнување.
Клучниот момент се случи на самиот почеток на вториот дел. Во 49. минута, Тјерно Бари најдобро се снајде по несигурната интервенција на голманот на Њукасл и ја испрати топката во мрежата за водство на гостите од 0-1.
BARRY OPENS THE SCORING VS. NEWCASTLE!!!!!!!!!!!!!! #NEWEVE https://t.co/JzGKeACITc
— Eli (@Eli_Sam_) November 2, 2026
Домашните се сомневаа во регуларноста на погодокот поради можен офсајд, но по проверката со ВАР беше потврдено дека голот е регуларен.
Евертон можеше и да ја зголеми предноста во продолжението. Дузбери-Хол имаше добра можност, но неговиот силен удар заврши покрај голот. На спротивната страна, Ентони Еланга пропушти голема шанса за израмнување во 66. минута, додека Ремзи во 79. минута се обиде со удар од далечина.
Најголемата можност за Њукасл дојде во финишот, кога Виса се најде во одлична позиција, но Џордан Пикфорд со фантастична интервенција го спаси својот тим и ги зачува трите бода.
Со оваа победа Евертон конечно го прекина лошиот гостински биланс и освои значајни бодови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













