Connect with us

Еупен сака да го купи Бојан Миовски

Белгискиот клуб Еупен е заинтересиран за ангажман на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Белгијците, како што откриваат медиумите во оваа земја, доставиле понуда за трансфер на Миовски и во најскоро време се очекува одговорот од МТК, сегашниот клуб на напаѓачот.


Миовски се докажа во во дресот на Ренова, Македонија ЃП, Работнички и во Брегалница во македонскиот шампионат, имаше настапи и за младинскиот тим на Карабах, а експлодираше минатата сезона во МТК.

Оваа сезона одигра триесет натпревари за МТК, постигна осум гола и запиша три асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови