Connect with us

Еспозито го одведе Интер на +6 во однос на Милан и на Наполи (ВИДЕО)

Интер ја продолжува доминацијата во Серија А и ја забележа седмата победа во последните осум натпревари, совладувајќи го Лече со 1-0 на „Џузепе Меаца“. Единствениот гол падна во 78. минута, кога младиот Франческо Еспозито ја затресе мрежата на гостите и донесе нови три бода за „нероаѕурите“.

Со овој триумф, Интер ја зголеми предноста пред градскиот ривал Милан на шест бодови, иако „росонерите“ имаат одигран натпревар повеќе, а притисокот сега е врз Милан и Наполи кои заостануваат зад лидерот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови