Connect with us

Еспањол промашуваше, а Барса му покажа на градскиот ривал како се победува (ВИДЕО)

Барселона дојде до победа од 0-2 на гостувањето кај Еспањол во градското дерби од 18. коло во Ла Лига, а клучните моменти се случија во самиот финиш од натпреварот.

Каталонците ја контролираа играта и имаа поголем посед во првото полувреме, но поконкретни беа фудбалерите на Еспањол, кои неколкупати сериозно се заканија кон голот на Барса.
Жоан Гарсија беше на висина на задачата и со три сигурни интервенции ја сочува својата мрежа.

Во вториот дел темпото се засили, а двата тима играа поотворено и создадоа уште неколку добри шанси, но голманите повторно беа во преден план и не дозволуваа промена на резултатот.

Решавачкиот момент се случи во 86. минута, кога Дани Олмо по одлично додавање од Фермин Лопез упати прецизен удар од работ на шеснаесетникот и го совлада Дмитровиќ.

Победата на Барселона беше потврдена неколку минути подоцна. Фермин Лопез уште еднаш се најде во улога на асистент, овојпат му сервираше топка на Роберт Левандовски, кој одблиску рутински погоди за конечни 2-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови