Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, размислува да го напушти клубот ако „граѓаните“ не успеат да се квалификуваат за Лигата на шампионите, објави „Ел Насионал“.
Според изворот, 24-годишниот Норвежанец би можел да си замине од Сити уште ова лето. Како најверојатни опции за продолжување на неговата кариера се споменуваат Реал Мадрид и Пари Сен Жермен, но француската лига не му е приоритет.
Манчестер Сити во моментот е на петтата позиција на табелата со 48 бода, а само бод помалку имаат и Њукасл и Брајтон, кои исто така се надеваат дека ќе изборат пласман во елитното европско клупско натпреварување.
Халанд е играч на Манчестер Сити од 1 јули 2022 година, а неговиот договор со клубот важи до 30 јуни 2034 година. Во тековната сезона одиграл 38 натпревари, постигнал 29 голови и забележал четири асистенции. Неговата пазарна вредност во моментот изнесува околу 200 милиони евра.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар тргна доминантно, Шкендија го доби дербито со Струга Трим Лум, па сега најтрофејниот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лука Булатовиќ (Пелистер)
Пелистер го декласира Работнички со 4-1 во првото пролетно, 17.коло од Првата фудбалска лига....
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Арбелоа: Успешно завршена задача
Евро-фудбал
Зиелински го нокаутира Јуве во 90.минута (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Аталанта славеше против Лацио на „Олимпико“
Интернационалци
Фантастичен гол на Барди од слободен удар (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Артета ги откри проблемите на Арсенал













