Connect with us

Ериксен отпуштен од болница

Кристијан Ериксен е отпуштен од болницата во Копенхаген откако вчера му беше направена успешна операција и му беше вметнат дефрибилатор кој треба да спречи повторно колабирање поради застој на работата на срцето. Данската фудбалска федерација потврди дека фудбалерот бил да ги посети соиграчите од репрезентацијата и дека веќе е дома со сопругата и двете деца.

Ериксен го загрижи фудбалскиот свет откако колабираше во 42.минута од мечот меѓу Данска и Финска. Тој непречен од никого се сруши на теренот, а реанимацијата што ја извршија докторите траеше цели 13 минути. За среќа, на крајот се добро се заврши и Ериксен е веќе со своето семејство.

По еден месец ќе мора да замине на детални контроли по што ќе биде познато дали и кога би можел да му се врати на фудбалот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови