Connect with us

Ерик тен Хаг си најде нова работа, но нема да биде тренер

Ерик тен Хаг е именуван за нов технички директор на Твенте, објавија холандските медиуми.

Тен Хаг се афирмираше како тренер на Ајакс, водечки го тимот до полуфиналето во Лигата на шампионите, а подоцна ја презеде клупската позиција во Манчестер Јунајтед. Последниот професионален ангажман го имаше во Баер Леверкузен, но поради слаб почеток на сезоната беше отпуштен по само две кола.

Сега се враќа во Твенте, клубот во кој ја заврши играчката кариера, настапувајќи од 1996 до 2002 година со 162 настапи. Токму во Твенте ги направи и првите тренерски чекори, работеше во младинските категории и беше асистент во првиот тим.

За првпат ќе ја извршува функцијата технички директор, а Твенте моментално е на седмото место на табелата во холандската Ередивизие.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови