Манчестер јунајтед приреди вистинско фудбалско чудо и со три гола во последните седум минути од продолженијата го елиминираше Лион и обезбеди пласман во полуфиналето на Лигата на Европа. Иако на момент беа на чекор од елиминација, „Црвените ѓаволи“ одново ја разбудија својата борбеност и верба, продолжувајќи да сонуваат за враќање во Лигата на шампионите преку освојување на овој турнир.
Натпреварот во регуларниот дел заврши 2-2, исто како и првиот дуел во Франција. Лион изгледаше дека ќе приреди сензација кога со играч помалку поведе со 2-4 благодарение на головите на Рајан Черки во 105. и Александре Лаказет од пенал во 108. минута.
Но, кога најмалку се очекуваше, Манчестер започна неверојатна офанзива. Бруно Фернандеш намали на 3-4 од пенал, потоа младиот Коби Мејну со фантастичен удар во 120. минута израмни на 4-4, а само момент подоцна Хари Мегваер со удар со глава го комплетираше пресвртот за финални 5-4 и ерупција на трибините на „Олд Трафорд“.
Рубен Аморим и неговите избраници сега чекорат кон полуфиналето, каде што ќе ги чека уште еден предизвик во походот кон трофејот кој може да им ја спаси сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)













