Енцо Мареска го напушти Челси на првиот ден од годината, без претходно да се договара за условите на разделбата со раководството на клубот.
Мареска се сретнал со Манчестер Сити и одлучил да не бара компензација од Челси, иако според британските медиуми, станува збор за износ од околу 14 милиони фунти. Италијанскиот стратег го обвини раководството на „сините“ за „непоправлив колапс“ во односите и одби да ја прима сумата што му следува.
Обештетувањето било договорено уште при неговото назначување во 2024 година, кога пристигнал од Лестер Сити, со договор на пет сезони до 2029 година, со опција за уште една. Но, откако заминал само по 18 месеци, потенцијалните 14 милиони фунти останаа неисплатени.
Мареска си замина помалку од пет месеци по освоениот трофеј од Светското клупско првенство, по успехот во Лигата на конференции во сезоната 2024/25.
Според медиумите, Мареска бил толку разочаран од начинот на кој бил поткопуван од раководството на „Стамфорд Бриџ“, што одлучил да си замине без преговори. Од друга страна, Челси го обвини за „емоционална незрелост“.
Агентите на тренерот категорично ги отфрлија тврдењата дека Мареска се обидел да ги искористи интересите на Јувентус и Манчестер Сити за да добие нов договор. Дополнително, тој бил разочаран од наводите дека бил спремен да ризикува здравје на некои ѕвезди, особено на Рис Џејмс и Кол Палмер, користејќи ги против препораките на медицинскиот тим.
Но, главниот проблем било постојаното мешање на раководството во изборот на тимот. Мареска сметал дека интервенциите на бордот и спортските директори го направиле соработувањето неприфатливо и покажале недостаток на почит кон тимот и навивачите.
Откако по домашното реми со Борнмут (2-2) дојде до конфронтација, разделбата стана неизбежна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal













