Тренерот на Челси, Енцо Мареска, се наметнува како еден од најсериозните кандидати да го наследи Пеп Гвардиола на клупата на Манчестер Сити, доколку шпанскиот стратег го напушти „Етихад“ по завршувањето на сезоната.
Иако Гвардиола има важечки договор со „граѓаните“ до јуни 2027 година, на Островот сè погласни се шпекулациите дека актуелната сезона би можела да биде негова последна во Манчестер. Поради тоа, раководството на Сити веќе подготвува алтернативни сценарија, а името на Мареска се наоѓа високо на листата потенцијални решенија.
Италијанскиот стручњак не е непознат во Манчестер, каде што претходно работеше како тренер на тимот до 21 година, а подоцна беше и дел од стручниот штаб на Гвардиола како асистент во историската сезона 2022/23, кога клубот ја освои тројната круна.
Сепак, неговата ситуација во Челси не е целосно мирна. И покрај тоа што има договор до 2029 година и ги предводеше „сините“ до трофеите во Конференциската лига и Светското клупско првенство, Мареска неодамна привлече внимание со изјава дека поминал низ „најтешките 48 часа“ во кариерата поради недостаток на поддршка. Од друга страна, Пеп Гвардиола постојано упатува пофалби на негова адреса, нарекувајќи го „еден од најдобрите менаџери во светот“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Арачиново е хит на досегашниот тек од првенството, а нанижа уште една победа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Диего Контрерас (Арсими)
Шкендија имаше идеален старт на сезоната, но се чини дека и лидерот влезе во...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)
Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Евро-фудбал
Интер без Чалханоглу на дербито со Рома?
Евро-фудбал
Ајакс доби засилување од Премиер – лигата
Евро-фудбал
Бетис на гости го победи Вилјареал (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Роналдо и Ал-Наср посрамени во Абу Даби (ВИДЕО)













