Енцо Мареска е на работ да го напушти Челси, откако неговите односи со клубот се сериозно нарушени. Иднината на „Стемфорд Бриџ“ веќе со недели му е неизвесна, а се повеќе извори тврдат дека разделбата може да се случи во текот на денешниот ден.
По разочарувачкото реми 2-2 против Борнмут, на натпревар на кој навивачите го исвиркаа, речиси е сигурно дека Мареска нема да ја предводи екипата на неделното гостување кај Манчестер Сити.
Според информации од клубот, и самиот Мареска размислува за заминување, иако не е јасно дали би го сторил тоа без отштета. Неговиот договор со Челси важи до 2029 година, со опција за продолжување на уште една сезона.
Во последните седум натпревари, Челси забележа само една победа, а трпението на управата сериозно се истрошило, не само поради лошите резултати, туку и поради однесувањето на Мареска надвор од теренот. Неговиот коментар за „најлошите 48 часа“ во клубот по победата над Евертон во декември само ја зголеми конфузијата, бидејќи не го објасни понатаму.
Дополнителни тензии се појавија откако по натпреварот со Борнмут тој не одржа прес-конференција, туку на новинарите им се обрати помошникот Вили Кабаљеро, што во клубот го сфатија како јасен знак на незадоволство.
Челси претходно беше подготвен да му даде уште време, со предупредување дека јануари може да биде пресуден доколку формата не се подобри. Сега се очекува брза одлука, а клубот веќе разгледува потенцијални замени, меѓу кои се споменува и Лијам Розениор, тренерот на Стразбур, чиј клуб е партнерски поврзан со Челси.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија Тетово не успеа да слави на дуелот со Шкендија Арачиново (1-1), а тоа...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Горан Закариќ (Вардар)
Најдобрите знаат да блеснат кога е најтешко и да го поведат тимот напред. Не...
Автор makfudbal
Интернационалци
Елмас го постигна првиот европски гол за Аталанта (ВИДЕО)













