Connect with us

Енцо Фернандез го шокираше Сити и му „скина“ победа во 93.минута (ВИДЕО)

Манчестер Сити и Челси ги поделија бодовите на „Етихад“, откако дербито од 20. коло во Премиер – лигата заврши без победник – 1-1.

Челси настапи без својот прв тренер, што дополнително ја отежна задачата на гостите. Калум Мекфарлан се најде пред сериозен предизвик, обидувајќи се да извлече позитивен резултат на еден од најтешките терени во Англија. Иако немаше директен притисок врз него, беше очигледно дека сака да се покаже во најдобро светло.

Домаќинот доминираше во првото полувреме, контролирајќи ја играта и оставајќи впечаток дека водечкиот гол е само прашање на време. Фоден, Бернардо Силва и Рајндерс беа активни во нападот, а најголемата закана ја испрати Ерлинг Халанд со удар кон спротивната статива.

Пред самиот крај на првиот дел, Сити ја искористи големата грешка на Беноа Бадијашил. Лошото додавање на средината им овозможи на „граѓаните“ брза акција, по која Тијани Рајндерс со прецизен удар во поблискиот агол го совлада Роберт Санчес за 1-0.

Во второто полувреме Челси се обиде да ја промени сликата на теренот. Мекфарлан реагираше со замена, внесувајќи го Андреј Сантос, додека Манчестер Сити доби удар со повредата на Јошко Гвардиол. И покрај тоа, домаќините не успеаја да наметнат ист ритам како во првиот дел.

Челси ја имаше својата најголема шанса преку Педро Нето, кој од одлична позиција не успеа да погоди. Влегувањето на Лијам Делап донесе дополнителна цврстина и агресија во нападот на „сините“, кои сѐ повеќе притискаа кон крајот.

Кога се чинеше дека Сити ќе ги освои трите бода, следуваше драматичен финиш. Во третата минута од судиското продолжение, Мало Густо упати нафрлување од десната страна, топката мина низ целиот шеснаесетник и стигна до Енцо Фернандез, кој од непосредна близина погоди за конечни 1-1.

Ремито најмногу му одговараше на Арсенал, кој во следното коло ќе ја брани предноста од шест бода пред Манчестер Сити во трката за титулата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови