Фудбалерите на Бетис приредија изненадување на гостувањето кај Атлетико Мадрид, славејќи со 0-1 благодарение на голот на Бразилецот Ентони.
Овој меч дојде само три дена по убедливата победа на Атлетико над Бетис со 0-5 во четвртфиналето од Купот на Кралот, но вечерва гледавме целосно поинаква слика. Бетис му го нанесе на Атлетико првиот пораз на домашен терен сезонава и прв по оној од Барселона на 16 март.
Голот на Ентони се случи во 28. минута по одлична асистенција на Езалзули. Бразилецот се постави на 25 метри од голот и со силен и прецизен удар го изненади Јан Облак, за 0-1.
Менуел Пелегрини ја постави својата екипа многу одмерено, без голема офанзива, но со еден погодок стигна до водство. По примениот гол, Атлетико тргна на сè или ништо. Диего Симеоне направи три измени на полувреме и подоцна го вклучи и Гризман, што доведе до целосна офанзива. Во 74. минута Атлетико постигна гол преку Љоренте, но по проверка во ВАР, погодокот беше поништен бидејќи Гризман беше во минимален офсајд и влијаеше врз играта.
Во финишот Бетис се повлече пред својот гол, добро се бранеше и речиси не дозволи сериозни шанси за Атлетико. Во судиското продолжение, домаќините побараа пенал по падот на Баена, но судијата не досуди ништо. На крајот, Родриго Рикелме имаше можност очи во очи со Облак, но словенечкиот голман одбрани.
Со оваа победа, Бетис се зацврсти на петтата позиција со 38 бодови, четири повеќе од Еспањол, додека Атлетико, со поразот, можеби се простува од трката за титулата, бидејќи Барселона има 13 бода повеќе.
Во четврток, Атлетико ќе ја пречека токму Барселона во првиот меч од полуфиналето на Купот на Кралот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија го доби дербито со Вардар и се врати комплетно во трката за шампионската...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Лиридон Љатифи (Шкендија)
Шкендија дојде во Скопје и стави крај на неподеливоста на Вардар. Целиот тим на...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го купи Елиф Елмас!
Интернационалци
Елиф Елмас доби место во тимот на колото во Серија А













