Connect with us

Ендрик: Последните шест месеци во Мадрид ми беа најубавите во животот

Ендрик, кој пред неколку дена пристигна во Лион на позајмица од Реал Мадрид, не се лути што целата есен помина на клупата за резерви кај „кралевите“. Бразилецот беше длабока резерва во тимот на Чаби Алонсо и забележа само три настапи, па токму затоа реши до лето да ја продолжи кариерата во Франција.

„Последните шест месеци беа едни од најубавите во мојот живот – започна Ендрик на официјалното претставување. – Имав време што можев да го поминам со сопругата. Имавме време да го изградиме нашиот дом. Без тие работи – без новиот дом, без семејството – јас сум ништо. Сега сум посозреан и подобар човек. Сега се фокусирам на работата. Благодарен сум на Бога и на сите луѓе кои беа покрај мене“, изјави Ендрик.

19-годишниот напаѓач се надева дека во Лига 1 ќе добие шанса да се покаже и да обезбеди место во националниот тим на Бразил за Светското првенство. Селекторот Карло Анчелоти, кој му помагаше и во Реал Мадрид, го советувал сега да ја смени средината.

„Го слушнав Анчелоти и тој ми даде насоки како да се развивам како играч. Неговите совети стигнаа директно до срцето. Ми рече: ‚Замини, развивај се како фудбалер, сакам да бидеш среќен’. Но, одлуката ја донесов уште пред тоа, иако советите беа многу важни. Анчелоти беше одличен тренер во Реал Мадрид и следев сè што ми кажа. Ми помогна да се развијам. Сега морам да работам за да играм и да му помагам на Лион да победува.“

„Многу ми значеше кога Лион се јави и побара да дојдам. Тоа беше важен момент за мене, за мојата сопруга и за семејството. Фред, мојот менаџер, разговараше со мене и се согласивме дека е важно да дојдеме овде. Главата и срцето сега ми се тука, во Лион. Благодарен сум на Бога, на управата на Лион и на тренерскиот штаб за напорите“, додаде Ендрик.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови