Фенербахче официјално го именуваше својот поранешен играч Емре Белозоглу за нов тренер, објави турскиот гигант преку своите официјални профили на социјалните мрежи.
За 46-годишниот стратег ова ќе биде втор ангажман на клупата на „жолто-сините“. Претходно, во 2021 година, кратко ја извршуваше функцијата привремен тренер.
Белозоглу го презема тимот од Исмаил Картал, чиј четврти мандат на клупата на Фенербахче заврши по поразот од вечниот ривал Галатасарај во големото турско дерби. По неговото заминување, екипата привремено му беше доверена на Холанѓанецот Дирк Кајт, кој дебитираше со пораз од Гезтепе. Сепак, Кајт и денеска ќе го води Фенербахче на дуелот против својот поранешен клуб Ливерпул.
Белозоглу пристигнува во клубот по ангажманот во Касимпаша, каде што ја продолжи тренерската кариера по претходните искуства.
Фенербахче минува низ резултатска криза во домашното првенство. По првите десет кола се наоѓа на шестото место на табелата со 16 бодови, а зад себе има серија од три последователни натпревари без победа.
Како фудбалер, Белозоглу беше познат по својата енергија и технички квалитети во средниот ред. Во богатата играчка кариера настапуваше за екипи како Интер и Њукасл. Активната кариера ја заврши во 2020 година, по што целосно се посвети на тренерската професија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум победи и на второто последовно дерби, славејќи против Шкендија Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Христијан Малески (Струга ТЛ)
Големите фудбалери се познаваат на големите натпревари. Струга Трим Лум успеа да ја победи...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Млади репрезентации
Хет-трик на Стефан Ристиќ, голема победа на Македонија У17 против Унгарија
Млади репрезентации
Репрезентацијата до 19 години освои бод во дуелот против Северна Ирска
Интернационалци
Ѓоко Хаџиевски ќе биде нов тренер на Локомотив Софија?













