Вилјареал синоќа на својот стадион оствари голем триумф и во првиот дуел во четвртфиналето од Лигата на шампионите го победи фаворизираниот Баерн Минхен со 1-0. „Жолтата подморница“ одигра одлично, а тренерот Унаи Емери смета дека победата можеше да биде уште поубедлива.
„Се обидуваме да стигнеме до полуфиналето и сега одигравме речиси совршен натпревар. Ќе беше совршено доколку направевме уште поголема предност. Нема да ја славиме премногу победата, затоа што реваншот ќе биде уште потежок. Баерн е многу добар тим, но одговорот за нив го најдовме на нашиот стадион. Знаевме во кои ситуации не се чувствуваат најудобно и успеавме да ги запреме нивните најдобри играчи. Исто така, јасно е дека сега не го покажаа најдоброто лице“, изјави Унаи Емери.
Вториот натпревар е закажан за 12 април на „Алијанц арена“ во Минхен.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













