Connect with us

Емери „кидна“ и не се поздрави со Артета, а потоа најде неверојатен изговор (ВИДЕО)

Арсенал со убедлива победа од 4-1 над Астон Вила на „Емирати“ ја сопре серијата на тимот на Унаи Емери, а побегна на врвот и во трката за титулата. Натпреварот доби и непријатна завршница по последниот судиски свиреж.

Наместо вообичаениот поздрав со колегата од спротивниот табор, Унаи Емери експресно го напушти теренот и се упати кон соблекувалната, игнорирајќи го Микел Артета.

Подоцна, Емери се обиде да го оправда својот потег, објаснувајќи дека станувало збор за лична рутина и недоразбирање.

„Секогаш по натпреварите брзо се поздравувам и заминувам. Овојпат чекав, но Артета славеше, па решив да влезам. Надвор беше ладно“, изјави менаџерот на Астон Вила, кој во минатото го предводеше и Арсенал.

Сепак, видеоснимките ја демантираат неговата верзија – јасно се гледа дека Емери воопшто не застана да чека, додека Артета погледнуваше околу себе обидувајќи се да го најде за вообичаениот тренерски поздрав.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови