Connect with us

Емери: Астон Вила не е претендент за титулата

Менaџерот на Астон Вила, Унаи Емери, ја смири возбудата околу амбициите на тимот за титула во Премиер – лигата, истакнувајќи дека неговиот тим сè уште не е на нивото на главните фаворити. И покрај силните игри и импресивните победи, Емери повика на реалност и фокус на конзистентноста.

Емери зборуваше по победата од 2-1 над Манчестер Јунајтед, која ги доближи „виолетовите“ на три бода од лидерот Арсенал.

Тој ја посочи разликата меѓу својот тим и екипи како Арсенал и Манчестер Сити. Иако Вила успеа да ги победи двата големи клуба на свој терен, менаџерот нагласи дека тактичката зрелост и индивидуалниот квалитет на нивните играчи ги става во друга категорија.

„Реалноста се одредува според капацитетот и потенцијалот. Игравме против тимови како Арсенал и Сити и ги победивме тука, но тие располагаат со огромни тактички ресурси и играчи на највисоко ниво. Ние исто така имаме квалитети, но реалноста е дека сè уште не сме претенденти кои стојат рамо до рамо со нив“, изјави Емери.

Според него, моменталната позиција на Астон Вила во табелата се должи на извонредната работа и дисциплина на играчите, а не на тоа што се фаворити.

„Не сме претенденти за титулата. Тука сме затоа што се натпреваруваме одлично. Сакаме да го задржиме тоа ниво, бидeјќи сме интелигентни, конкурентни и дисциплинирани. Само со тие квалитети можеме да продолжиме напред“, заклучи Емери.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови