Наполи со авторитетна игра ја совлада Болоња со 2-0 во финалето на италијанскиот Суперкуп, стигнувајќи до првиот трофеј оваа сезона и предизвикувајќи еуфорија меѓу своите фанови. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со ова ги обедини сите трофеи во Калчото.

Избраниците на Антонио Конте од самиот почеток ја наметнаа својата игра и целосно го контролираа натпреварот, а клучна фигура беше Давид Нерес, кој со два погодоци го реши победникот. Особено атрактивен беше неговиот прв гол, постигнат во 39. минута.
Наполитанците на полувреме заминаа со минимално водство, а во продолжението ја потврдија надмоќта кога Нерес повторно се запиша во листата на стрелци во 57. минута. Болоња се обиде да одговори и да стигне до почесен погодок, но и покрај коректниот настап, не успеа да ја затресе мрежата.
Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас повторно стартуваше од првата минута и одигра 68 минути, при што во десеттата минута беше блиску до гол, но неговиот удар мина покрај стативата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бернардо Силва од следната сезона во Барселона?
Евро-фудбал
Интер ќе го откупи Мануел Аканџи
Евро-фудбал
Ливерпул сака да го купи Камавинга
Евро-фудбал
Комо го растури Лацио среде Рим
Евро-фудбал
Де Јонг: Однесувањето на судијата беше срамно
Евро-фудбал
Слот: Се радувам што ќе се врати Салах













